Летната трансфер сага конечно заврши, беше најкратка, но и најинтензивна, но и најголема, иако трансферот не се случи. Тоа е Лионел Меси.
Аргентинецот се јави, ја реши дилемата – останува во својот сакан клуб уште едно лето.
Во интервју за порталот Goal.com, тој раскажа како минале неговите денови од моментот кога на семејството му рекол дека сака да го напушти клубот.
– Кога им кажав на сопругата и децата дека сакам да го напуштам клубот, следеше брутална драма – вели Меси.
– Сите почнаа да плачат, моите деца не сакаа да ја напуштат Барселона, ниту да ги менуваат училиштата. Но, погледнав подалеку, сакав да се натпреварувам на највисоко ниво, да освојувам титули, да играм во Лигата на шампионите. Може да победуваш или изгубиш, може да биде тежок удар, но мора да се натпреварувате. Барем да играте за нешто и да не се распаднете како што направивме во Рим, Ливерпул и Лисабон. Сето ова ме доведе до заклучок дека сакам да си одам, започна Аргентинецот.
Одлуката за заминување беше далеку полесна од реализацијата на таа идеја, вели Меси.
– Мислев и бев сигурен дека сум слободен да си одам, претседателот секогаш ми велеше дека по секоја сезона можам да ја донесам таа одлука. Тогаш тие ми рекоа дека е невозможно затоа што не решив до 10 јуни, а ние во тоа време сè уште го игравме шампионатот поради оваа пандемија на коронавирусот.
На крајот, Аргентинецот мораше да попушти, законски беше поразен.
– Тоа е причината зошто решив да останам и да продолжам да играм во Барса. Одам понатаму затоа што претседателот ми рече дека единствениот начин да си заминам е некој да плати 700 милиони евра отштета, а тоа е невозможно.
Имаше и друг начин – Суд!
– Да, имаше друг пат кога се обидов да го напуштам клубот, а тоа е судењето со Барселона. Никогаш не би го сторил тоа, никогаш не би одел на суд со клубот што го сакам, со клубот што ми даде сè откако дојдов овде. Барселона е клубот на мојот живот, јас го создадов мојот живот тука. Барселона ми даде сè, а јас и дадов сè на неа. Никогаш не ми падна на памет да одам на суд со клубот, додаде најдобриот играч на светот.