Меси: Три дена сме овде, зошто ова го правите сега?

од Берта Китинска

Здравствените власти на Бразил одредија карантин за четворица аргентински репрезентативци кои играат во англиската Премиер лига, и тие не требаше да настапат на вечерашниот квалификациски натпревар меѓу Бразил и Аргентина.

Новата суперѕвезда на ПСЖ, Лионел Меси не можеше да го премолчи однесувањето на бразилските полициски и здравствени власти, па остро ги искритикува за нивното однесување.

На најдобриот фудбалер на сите времиња не му беше јасно зошто се направи сета драма по почнувањето на натпреварот меѓу Бразил и Аргентина.

Три дена сме овде, зошто ова го правите дури сега?“, ги праша тој официјалните лица од бразилската влада.

Слични содржини