Меси за трофејот во Бразил: Господ го чуваше за мене

од Nikola Popovski

Лионел Меси е горд на својот прв репрезентативен успех, по освојувањето на Копа Америка.

„Чувствувам дека Господ го чуваше ова за мене, да го освојам трофејот со Аргентина против Бразил, на нивни терен“, изјавил капитенот на Аргентина по триумфот во финалето на Копа Америка.

Аргентина славеше со голот на Анхел Ди Марија од 1: 0, а Меси конечно го освои првиот трофеј со националниот тим, откако претходно двапати загуби во финалето на Копа Америка и во финалето на Светското првенство.

„Требаше време за да се ослободам од тој трн и да постигнам нешто со репрезентацијата. Бев многу блиску со години и знаев дека тоа ќе се случи еден ден. Нема подобар момент од овој“, рекол Меси, а пренесува Ројтерс.

Интересно е што Меси во моментов е без клуб, бидејќи неговиот договор со Барселона истече.

Сепак, се очекува тој да ги заврши преговорите со Барса и да остане во каталонскиот гигант до крајот на кариерата.

Слични содржини