Меси закажа итна прес-конференција, дали ќе го открие името на неговиот нов клуб?

од Vladimir Zorba

Поранешниот капитен на Барселона, Лионел Меси закажа итна прес -конференција која ќе се одржи в недела во 12 часот на стадионот „Ноу Камп!“

Шпанските медиуми пишуваат дека Меси закажал состанок со новинарите со цел да ја објасни својата страна од приказната зошто повеќе нема да игра за Барса, а некои дури споменуваат дека би можел да го открие името на својот нов клуб.

Се претпоставува дека Пари Сен Жермен е во прашање, особено што братот на сопственикот на „светците“ веќе објави дека преговорите се завршени и дека се чека само официјална потврда.

Да потсетиме, првиот човек на Барса, Жоан Лапорта, во петокот одржа прес пред клубот, каде откри зошто не се продолжува соработката со Меси.

Слични содржини