Нежнaта ексфолијација е грижа од која кожата на лицето и телото има потреба. Ексфолијацијата ги отстранува мртвите клетки од кожата, ја подобрува циркулацијата на крв и открива нова и убава кожа. Постојат места во нашето тело и лице, кои често ги пропуштаме кога си правиме пилинг. Кои се тие и зошто е добро да ги ексфолираме почесто?a0920644167c024ef57be5f2879e755e

Усните
Секоја дама сака да има секси и примамливи усни. Но, за да бидат тие такви, треба да се грижиме за нив онака како и за остатокот од вашето лице. Кога кожата ни е сува и ронлива, карминот не се нанесува добро, а усните изгледаат помали, разранети и непривлечни.
Затоа три пати неделно правете пилинг на усните. Комбинирајте шеќерни кристали со малку кокосово масло или маслиново масло. Масирајте ги усните неколку секунди и исплакнете. По оваа грижа тие ќе бидат меки и нежни. Не заборавајте секојдневно да нанесувате балсам.

Задникот
Фините влакна, комбинирани со триењето на долна облека, облека, потењето и долгото седење, ја прават кожата нерамна. Како резултат во областа на задникот се појавуваат мали топчиња кои ги кријат убавината и сексапилот. Два или три пати неделно не заборавајте да го поминете вашиот задник. Ова ќе ги отстрани мртвите клетки на кожата, ќе ја стимулира циркулацијата, со што ќе се намали појавата на целулит и ќе ја направи вашата кожа убава и нежна.

Лактите
Испукана и сува кожа? Не, благодарам! Лактите се друго место од вашето тело, кое има потреба од редовна ексфолијација. Направете си пилинг од морска сол и кон неа додајте бадемово масло и други ваши омилени етерични масла.
Нанесете кора на влажна кожа и масирајте минута-две. Практикувајте го ова 2-3 пати неделно, а по неа нанесете соодветен навлажнувачки лосион за тело.

Колената
Обрнете внимание и на овој дел од вашето тело. Без разлика како ќе ги отстраните влакненцата, задржувањето на мртвите клетки на кожата и исчезнување на влакната можат да предизвикаат појава на несакани брунчиња.

Кожата во областа на колената, исто како на лактите, е во состојба да потемнува и да изгледа непривлечно. Редовнатаексфолијација ќе го направи тенот  рамномерен и ќе се намали појавата на вродените влакна.

Пазувите
Се срамите ли да ги покажете своите пазуви? Бричењето или депилацијата, носењето на темни алишта, ја прават кожата потемна и непривлечна. Затоа таа исто го бара регуларниот пилинг. Обидете се да ја ексфолирате 1-2 пати неделно. Ако сте упорни ќе видите колку чиста и свежа ќе стане.

Слични содржини