Местото на хеликоптерската несреќа – Брајант и останатите немале шанси да се спасат (фото+видео)

од Nikola Popovski

Страшно изгледаше местото на хеликоптерската несреќа, каде се урна леталото на Коби Брајант во кое загинаа кошаркарската суперѕвезда, неговата ќерка и уште седум лица патувајќи на кошаркарски натпревар.

Фотографиите биле направени од велосипедист кој бил близу местото на несреќата. Направени се во 9:49 часот, нешто околу пет минути откако хеликоптерот во кој патуваа НБА-легендата и останатите се урна. Јасно се гледа дека целиот терен е во пламен, што значи дека хеликоптерот експлодирал веднаш.

Американските власти објавија официјално видео снимено од службите кои меѓу првите пристигнале на местото на падот, а глетката е навистина застрашувачка. Со помош на дрон најпрвин се гледа висок кадар од местото на несреќата, за потоа во крупен план да се видат остатоците од хеликоптерот, кој речиси цел е изгорен во големата експлозија.

Покрај Коби Брајант и пилотот Ара Зобојан, во хеликоптерската несреќа загинаа уште Џиана Брајант, 13-годишната ќерка на Коби, Џон Алтобели, Кери Алтобели, Алиса Алтобели, Сара Честер, Пејтон Честер и Кристина Маусер.

 

Слични содржини