Мета: Албанија прва во Европа по смртни случаи од ковид-19

од Milan1

Албанскиот претседател Илир Мета реагираше во врска со рангирањето на Албанија како земја со највисока смртност во Европа од Ковид-19, според ММФ.

– Сè уште сме во бранот на пандемија и подобрените и корегирани анти-ковид мерки треба да се превземат под итно, заклучува Мета.

Тој ги повикува Техничкиот комитет на експерти за справување со пандемијата и властите одговорно да ги анализираат овие податоци, како и протоколите и мерки за превенција и третман на пандемијата, на транспарентен и кооперативен начин со граѓаните.

Според Мета, слабите точки мора да се откријат и отстранат и да се интервенира итно за да се спречи оваа висока стапка на загуба на животи.

Меѓународниот монетарен фонд во својот најнов извештај открива дека Албанија има најголем пораст на смртни случаи во Европа, споредено со просечната смртност во периодот 2015-2019 година.

 

Слични содржини