Мета: Нема причина да жалам што не се сретнав со Ердоган, тој не побара средба

од Milan1

Албанскиот претседател Илир Мета вчера не се сретна со  турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, за време на неговата посета на Албанија, бидејќи имал набиена агенда, а турскиот колега бил поканет од Владата.

– Седумнаесети јануари беше многу несекојдневен ден за мене, исполнет со многу активности за да му оддадам почит на нашиот народен херој, Ѓерѓ Кастриот Скендербег. Немам причина да жалам што не го сретнав господинот Ердоган. Тој беше гостин на Владата и се надевам дека минал најдобро во Албанија. Ако сакаше средба, ќе се потрудев да се сретнам со него, бидејќи имав навистина напорна агенда, но тој не побара средба. Господинот Ердоган не беше поканет од моја страна. Искажувам голема благодарност до турскиот народ за дарежливата помош што му ја дава на албанскиот народ, изјави Мета за ТВ Сири.

Инаку, вчера се одбележаа 544 години од смртта на Скендербег, поради што дел од медиумите го отворија прашањето зошто токму на овој ден Ердоган престојувал во Албанија.

Слични содржини