Мета отстрани Инстаграм профил поврзан со убиецот во училиштето во Тексас

од Stefanija Kuzmanovska

Компанијата „Мета“ го отстрани профилот на Инстаграм за кој корисниците на социјалните мрежи рекоа дека му припаѓа на масовниот убиец Салвадор Рамос (18), кој во вторникот вечерта уби 19 деца и двајца возрасни во основното училиште Роб во Јувелде, Тексас.

„Мета“ не потврди дека налогот е поврзан со убиецот, меѓутоа, на изгаснатиот профил „salv8dor_“ беа објавени фотографии од две автоматски пушки AR15, само три дена пред смртоносниот напад на основното училиште, објави Си-Ен-Ен.

Неколку ученици од класот на убиецот потврдија дека налогот му припаѓа нему.

Слични содржини