Камен метеор од 100 килограми „пролета“ над американската држава Мисури и го проби звучниот ѕид.

НАСА денеска соопшти дека метеорот што блеснал на небото над Сент Луис се отргнал од Појасот астероиди меѓу Марс и Јупитер и стигнал до Земјата.

Иако тежок околу 100 килограми, тоа бил со големина на топка за кошарка, велат астрономите.

Утврдено е дека камениот метеор, кој бил забележан во понеделникот навечер, се движел со брзина од 53.910 километри на час, со што предизвикал силен звук на експлозија, односно го пробил звучниот ѕид.

Голем број очевидци го снимиле метеорот, со чија помош НАСА утврди дека тој бил посјаен од најсјајното небеско тело – Венера.

Слични содржини