Метеорит падна среде пат во Велика Британија, со себе донесе неверојатно откритие (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Парчиња метеорити се пронајдени во Глостершир, Велика Британија, а научниците се особено возбудени затоа што станува збор за редок вид вселенски карпи.

Имено, станува збор за јаглерод хондрит, материјал кој содржи непроменета хемиска структура уште од времето на формирањето на Сончевиот систем пред 4,6 милијарди години.

Каменот тежи скоро 300 грама, а има и други парчиња вселенска карпа кои се лоцирани откако научниците ја реконструираа траекторијата на огнената топка која го проби звучниот ѕид нешто пред 22 часот по британско време, во недела на 28 февруари.

Научниците од природно-историскиот музеј во Лондон потврдија дека црно парче карпа, јаглероден хондрит што никогаш порано не било видено во Велика Британија, удрило на пат во близина на градот Викомб, а во близина биле пронајдени повеќе фрагменти.

Ешли Грин, научник од музејот, изјави дека ѝ се остварил сонот да биде една од првите луѓе што го виделе и проучувале овој многу редок метеорит.

Слични содржини