Метју Меконахи инвестира во фудбалски клуб

од desk4

Американскиот актер и добитник на „Оскар“, Метју Меконахи веќе е горд сопственик на фудбалски
клуб. Холивудската sвезда се здоби со дел од ФК Остин, кој ќе започне да се натпреварува во МЛС
лигата во 2021 година.

Т.н. компанија-мајка објави дека суперeрѕвездата Метју Меконахи веќе има удел во тимот. Тој
станува уште еден инвеститор, кој ќе ја поддржи идната активност на тимот.
Во 2021 година ќе се отвори и стадионот Остин, на кој ќе можат да се сместат 20.500 илјади
гледачи. Клубот е еден од четирите екипи кои ќе се приклучат на МЛС во наредните сезони за да го
зголемат бројот на клубовите во првенството.

„ФК Остин е повеќе од квалитетна инвестиција. За Остин, тоа е квалитетна инвестиција ВО Остин“,
рече реномираниот актер за својата одлука.

„Најразновидната и безгранична игра во светот сега доаѓа во еден од најкултурните, најкреативните’

и најразновидните градови во светот. ФК Остин е инвестиција во културата и иднината на нашиот
град“, додаде 49-годишниот Метју Меконахи.’

Добитникот на „Оскар“ е роден во Остин, Тексас. Тој е еден од најпрепознатливите и најпопуларни
актери во Холивуд, откако направи незаборавни улоги во „Контакт“, „Интерстелар“, „Вистински
детектив“ и многу други.

Слични содржини