МФ ќе овозможи на дневна основа да се следат приходите и расходите на буџетот

од Vladimir Zorba

Министерството за финансии подготвува техничка можност на дневна основа да се следат буџетските приходи и расходи, соопшти денеска на прес-конференција министерот Фатмир Бесими.

-Во името на транспареноста и отчетноста, особено од аспект на јавните финансии ние во Министерството за финансии подготвуваме и можнот на дневна основа да објавуваме приходи и расходи на буџетот, и салдо на буџетот. Тоа ќе бидат прелиминарни податоци, рече Бесими.

Министерот за финансии додаде дека тоа ќе ја засили довербата, ќе расте и транспареноста, а граѓаните за секој денар ќе знаат каде завршуваат и колкав е ефектот врз економијата.

Слични содржини