МИ6 назначи нов шеф на британската тајна разузнавачка служба

од Stefanija Kuzmanovska

Велика Британија денес го назначи дипломатот Ричард Мур за нов шеф на британската тајна разузнавачка служба, позната како МИ6.

Мур, генералниот директор за политички прашања во Министерството за надворешни работи, ќе ја преземе должноста од досегашниот шеф на МИ6, Алекс Јангер, во есен, пренесе Ројтерс.

МИ6 работи во странство и има задача да ја брани Велика Британија и нејзините интереси, наведува агенцијата.

Слични содржини