Миа Калифа донираше 100.000 американски долари на либанскиот Црвен крст

од Vladimir Zorba

Поранешната порно sвезда Миа Калифа донираше 100.000 американски долари на либанскиот Црвен крст и веќе собира уште 100 000 долари, беше објавено на страницата на „STOP Cultural Terrorism in Lebanon“.

„Таа ги нарекува нашите политичари терористи. Таа им порачува на сите да не донираат денар на нашата влада. Би сакал секој глупав Либанец да престане да го исмева своето минато. Таа веќе направи многу во овие тешки времиња и многу повеќе од нашите политичари. Ти благодарам, Миа Калифа, за помошта“, се вели на страницата на ФБ.

Миа Калифа е родена пред 27 години во Бејрут. Таа се пресели во Америка во 2001 година.

Во експлозијата што се случи во Бејрут на 4 август, починаа над 200 лица а повредени се повеќе од 6.000, повеќе од 300.000 луѓе останаа без покрив над главата, а спасувачите од Либан, Франција, Германија, Русија и други земји ја продолжуваат потрагата по преживеани.

Двенеделна вонредна состојба е во сила во овој град од среда. Во средата беше прогласен и тридневен период на жалост.

Слични содржини