Michelin „безвоздушните“ гуми на чекор до сериско производство

од Vladimir Zorba

Наспроти најавите дека Michelin ќе лансира револуционерна гума без воздух на пазарот во 2022 година, производителот информира дека тестовите при големи брзини се успешно завршени. Годините на развој завршуваат, а сега гумите го поминаа тестот за брзина со 210 km/h и на тој начин станаа компатибилни за употреба на полициски возила, пишува The Drive.

Бруно де Ферауди, потпретседател на Мишелин, рече дека полициските сили се многу заинтересирани за тестирањето на нивните гуми, пред се затоа што криминалците често ги оневозможуваат автомобилиte токму со дупнување на гумите, пишува „Index“.

„Тие сакаа да го тестираат Uptis и го тестираа со 210 km/h. И добро функционираше“, рече Де Ферауди.

Не е познато на кои автомобили е тестирана гумата.

Да потсетиме, според последните најави, комерцијализацијата на гумите Michelin Uptis би требало да започне следната година.

Слични содржини