Мицкоски: Басните за 2001-ва Али може да ги раскажува на Ковачевски

од Vladimir Zorba

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку Фејсбук им одговори на Али Ахмети и премиерот Димитар Ковачевски, отако лидерот на ДУИ вчера рече дека Мицкоски видел војна само на телевизија, а од СДСМ го обвинија дека е милитант.

-Басните за 2001-ва може Али да ги раскажува на Димитар Ковачевски, вели Првиов се храбри од своите удoбни хациенди од Зајас, додека албанскиот народ, исто како македонскиот, гладува. Вториот како дезертер од 2001-ва сѐ ќе му поверува и мора да спроведе, за да прави криминал и тој самиот. Другпат добро нека гледаат и читаат што кажувам, а не да вадат од контекст. П.С. Јас пак мислев дека ќе се пофалат со нова фабрика…, пишува Мицкоски на Фејсбук.

Слични содржини