Мицкоски да не се крие зад Ковачки и да одговори од кого барал власт за да го смени Уставот, велат од „Бихаќка“

од Nikola Popovski

Христијан Мицкоски во заложништво на Димитар Апасиев, нема храброст да одговори на јавно поставени прашања, па затоа нарачува одговори од неговите извршители како што е дезертерот Драган Ковачки, обвинија утрово од СДСМ.

Владеачката партија побара од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да одговори на неколку прашања:

-Дали на средби со домашни и странски политичари им велел дајте ми власт и ќе го сменам Уставот? Од кого се барал власт Мицкоски за да го смени Уставот, прашаа од СДСМ.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки реагираше на ваквата објава и порача дека „народот е тој кој бира и дава и народот е тој кој зема на избори, а не странските политичари“.

Храброста, додава Ковачки, можеше да ја покажеш тогаш кога беше најпотребно, порача пратеникот обраќајки му на премиерот Димитар Ковачевски.

Премиерот и претседател на СДСМ синоќа на трибина во Куманово го повика претседателот на ВМРО-ДПМНЕ да одговори дали бара од странски политичари да му помогнат да дојде на власт, а кога тоа ќе се случи ќе го смени Уставот.

-Дали на странските политичари кои доаѓаат во државата, вклучитечлно и на домашните политичари, на состаноците што ги има со нив им вели: “Дајте ми власт и ќе го сменам Уставот“ Нека одговори па нека чујат и странците и нашите граѓани, истакна Ковачевски.

 

Слични содржини