Мицкоски е класичен антиевропски политичар, порачаа од СДСМ

од Nikola Popovski

СДСМ утрово го обвини лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски дека е „класичен антиевропски политичар и заложник на Димитар Апасиев и Левица“.

Нагласуваат дека ВМРО-ДПМНЕ досега не поддржа ниту една одлука за зачленување на државата во ЕУ.

-Ширеа лаги дека македонскиот јазик ќе биде бугарски дијалект, а не гласаа за ратификација на договорот ФРОНТЕКС, како прв договор во кој нашиот јазик стои заедно со сите 24 јазици на ЕУ потпишан од сите земји членки на ЕУ и од Северна Македонија, велат од партијата на власт.

Додаваат дека „коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Левица е коалиција на хаос и враќање назад“.

Мицкоски вчера во интервју за емисијата „Само вистина“ истакна дека „постојат притисоци за уставните измени, но нема да попушти ни милиметар, бидејќи не се работи за инает, туку за одбрана на државните интереси“.

-Ако ме прашувате дали има притисок и дали има непријатни состаноци, ќе ви кажам да, има притисок и има непријатни состаноци. Но ако ме прашате дали сум подготвен да паднам на тој притисок ќе ви кажам дека ни милиметар нема да се поместам. Затоа што моите аргументи кои јас ги пренесувам на тие состаноци не се аргументи темелени на инает туку на логичен след на настаните. Разговараме и дебатираме, потенцира Мицкоски.

Слични содржини