Мицкоски и Апасиев на отворањето на „Никола Вапцаров“, настанот во Бугарија се дефинира како „провокација“ од луѓе со антизападни чувства

од Vladimir Zorba

Денеска во Благоевград се отвора македонски културен клуб под името „Никола Вапцаров“. На отворањето ќе пристигне лидерот на опозициската партија, ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицоски. Се очекува и присуство на лидерот на Левица, Димитар Апасиев, пишуваат утрово бугарските медиуми.

Претстојниот настан предизвика силна реакција и кај локалните власти и кај претседателите на Бугарија и Северна Македонија. Во Благоевград се очекуваат протести во организација на бугарската ВМРО. Се очекува да се приклучат и граѓани, пренесе БТВ.

Клубот го отвора приватна организација која смета дека Македонците во Бугарија се угнетувани и се борат за своите права. Во областа има засилено полициско присуство. Претставниците на бугарското Министерство за надворешни работи го дефинираа настанот како „провокација, зад која стојат луѓе кои имаат антизападни, анти-НАТО чувства и чии цели се да предизвикаат тензии и овде и во Северна Македонија“, додава медиумот.

Слични содржини