Мицкоски инсистираше на тет-а-тет бидејќи можеби има нешто во рака за тргување, вели Зиков за лидерската

од Nikola Popovski

Најчудно од средбата ми е фактот дека Мицкоски инсистираше на тет-а-тет. Можеби има нешто друго да му каже на Ковачевски во четири очи, но тоа останува да се види после средбата. Јас не би бил многу скептичен околу резултатите бидејќи секој ваков проект, како што беше и Преспанскиот договор, е политички процес и се води политичка дебата. Нешто од тоа е јавно, а нешто од зад сцената. Може да има успешни преговори. Процесот продолжува летото и до ноември, вели политичкиот аналитичар Љупчо Зиков за утрешната лидерска средба меѓу претседателот на Владата и лидерот на опозицијата за европскиот пат на државата.

Тој смета дека процесот може да продолжи во добра насока.

-Можеби Мицкоски има нешто во рака за тргување и тоа го поврзувам со инсистирањето за тет-а-тет средба. За таква позиција, мора да имате цврст став и тоа може да значи некаков тип на политички блеф. Втората работа е тоа тој навистина да е сериозен за ова. Сепак овој став е апсурд ако се земе ставот на опозицијата дека во овој состав на Парламентот не би се отворил Уставот. Тоа прејудуцира дека во следниот состав на Парламентот, тоа они можат да го направат. Ако се земе нагонот на опозицијата и Мицкоски дека ќе репрегорава за Бехтел и Енка, за нов договор со Бугарија… Тоа е апсурден став, кажа Зиков во емисијата „Студио 10“.

Слични содржини