Мицкоски: Мојата плата е двојна помала од директорските

од Nikola Popovski

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски обвини дека „лица блиски до СДСМ и ДУИ годишно нижат стотици илјади евра“.

-Наместо да се солидаризираат, слушам еден од тие вчера вели дека мала била директорската плата од 80-90 илјади денари. Јас сум редовен професор на универзитетот и мојата плата како доктор на науки, како редовен професор, кој што треба да биде педагог и да образува луѓе, е двојно помала од таа. Сега замислете со што заслужил тој да има двојно поголема плата од редовен професор и неколкукратно поголема плата од работниците. Тажно и жално е тоа, рече Мицкоски како одговор на новинарско прашање при посетата на општина Зрновци.

Според него, треба да се направи нивелирање на примањата во услови на криза.

Слични содржини