Мицкоски му врати на Ковачевски: Остави го семејството надвор од сето ова

од Vladimir Zorba

„Повторно Димитар Ковачевски го вовлекува своето семејство во политички невкусни метафори, сакајќи да ме навреди и омаловажи. Сигурен сум дека тоа мило момче ќе се срами од ова што неговиот вујко му го прави. Посакувам да порасне во горд и цврст Македонец, спротивно од тоа што денес е неговиот вујко. Да се бори и ја сака својата татковина Македонија и да не го дозволи тоа што денес Димитар Ковачевски и го прави на Македонија“, реагира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на изјавата на премиерот дека Мицкоски се однесува како неговиот внук Никола кој наместо да учи, бара да му се купи Плејстејшн.

„Моја лична порака до Димитар Ковачевски: Другпат пред да кажеш нешто, размисли. Тие околу тебе што те хранат со вакви досетки непромислени, мора да разберат дека имате одговорност и дека животот е реалност, а времето не се враќа назад, лошиот и неинтелигентен хумор зборувај си го со тие малкумина соработници кои ти велат, браво шефе убаво му кажа, веројатно се разбирате добро, но те молам остави го семејството надвор од сето ова не го мешај. Тие се многу поголеми од твојата глупост. Овде сме јас и ти… сами, гради во гради, не го заборавај тоа!“, вели, меѓу другото, Мицкоски.

Слични содржини