Мицкоски на средба со Скот Хeјзлет: „Потребни се избори“

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со Роберт Скот Хeјзлет, виш директор на Националниот демократски институт за меѓународни прашања (НДИ) во земјава, на која се разговарало за актуелната политичка и економска состојба, како и стратешките цели на државата.

„Мицкоски го информираше Скот Хејзет за високиот степен на корупција и криминал и злоупотреба на институциите од страна на владата на СДСМ и Димитар Ковачевски, истакнувајќи дека состојбата во државата се влошува бидејќи власта не спроведува никакви реформи, а сето тоа дополнително придонесува за уназадување и осиромашување на граѓаните. Воедно, и поради тоа истакна дека се потребни предвремени парламентарни избори кои ќе донесат промени и иднина за граѓаните“, наведоа од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијат посочија дека Мицкоски уште еднаш го потврдил ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека преговорите на Северна Македонија за влез во Европската Унија треба да се водат врз база на европски принципи и вредности, а не врз уцена и диктат од страна на бугарските власти.

„Мицкоски се заблагодари на досегашната соработка и поддршка од страна НДИ, а соговорниците заклучија дека постои можност за нејзино понатамошно унапредување“, додадоа од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини