Мицкоски: Нема гласање за уставни измени , да почне постапката за предвремени парламентарни избори

од Destan Jonuzi

„На лидерската средба не се разговараше за ниедна важна тема“, изјави по средбата на лидерите на парламентарните политички партии, претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави.

– Не стана збор за инфлацијата од 20 проценти , не станат за ниедна тема што им е важна на граѓаните , рече Мицкоски со констатација дека Владата се обидува да направи дефокус од вистинските проблеми и дека се фокусирале само на некои теми како евроинтеграцијата , за која што многу пати се разговарало. Се делеше еден смешен документ , како заклучоци , што се рабира не го прифативме, изјави Мицкоски.

Мицкоски истакна дека го поддржал предлогот на лидерот на ДС, Павле Трајанов за Бугарија да го признае македонското малцинство во Бугарија. Мицкоски потврди дека опозицијата нема да гласа за уставни измени. Тој истакна дека ќе нема гласање за уставни измени , туку ќе треба да почне постапката за предвремени парламентарни избори.

Слични содржини