Мицкоски се извини: Само иницирав дебата, нема да има даноци за самци

Целта ни беше само да испровоцираме јавна дебата. Јас се извинувам длабоко ако некој погрешно ме разбрал, рече тој

од desk2
189 прегледи

„Се извинувам ако некој погрешно ме сфатил, нема никакви даноци“, рече Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање за најавеното воведување даноци за самци, што во изминативе денови ја разбранува јавноста во земјава.

Идејата не била да соопшти одлука, туку само да испровоцира јавна дебата, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер.

„Целта ни беше само да испровоцираме јавна дебата. Јас се извинувам длабоко ако некој погрешно ме разбрал. Ајде сите заедно да работиме, да ни се раѓаат повеќе дечиња, да ни се полни училиштата, за побогата Македонија“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека во читанките треба да се смени поимот за семејство.

„Не треба да биде јас мама и тато, туку јас, мама, тато, бато и дада“, рече Мицкоски.

Слични содржини