Мицкоски се сретнал со Давидој, се пожалил дека Владата се обидува да ги протне на сила уставните измени

од Vladimir Zorba

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и потпретседателот на партијата Тимчо Муцунски денеска остварија средба со специјалниот пратеник на Романија за Западен Балкан, Андриан Давидоју.

Како што соопшти ВМРО-ДПМНЕ, на средбата се разговараше за актуелната политичка состојба, евроинтегративниот процес, како и поголема посветеност кон безбедносни предизвици како земја – членка на НАТО Алијансата.

-Претседателот Мицкоски нагласи дека Македонија ја има најкорумпираната влада, информирајќи дека доказ за тоа се секојдневните афери и криминал во кои директни учесници се високите владини функционери и претставници од СДС и ДУИ, додека граѓаните живеат во сиромаштија, владините претставници ги полнат своите џебови со државни пари, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Во однос на безбедносните предизвици, како што се наведива Мицкоски истакнал дека безбедноста на граѓаните и државата е загрозена, а владата многу неуспешно и ненавремено реагира, додавајќи дека институциите мора да се посветени на безбедноста, мирот и стабилноста на државата и граѓаните.

Мицкоски, како што се посочува, рекол дека Владата се обидува уставните измени да ги протне на сила, и целиот тој процес, според него, е нелегитимен, бидејќи владата нема мандат и поддршка од страна на граѓаните. Според Мицкоски, мора час поскоро да ги започнеme преговорите со Европската унија, но истите да се базирани единствено врз основа на европски критериуми и вредности.

-Токму поради ова, како и криминалот и корупцијата, катастрофалната економска состојба, Мицкоски укажа дека е потребно одржување на брзи предвремени парламентарни избори, се наведува во соопштението.

На крајот на средбата, соговорниците се согласиле дека соработката треба да продолжи да се развива.

Слични содржини