Мицкоски за акцијата во Струмица, Скопје и Гостивар: Епски голема со епски голем криминал

од Nikola Popovski
44 прегледи

Во врска со големата акција на МВР и Обвинителството за даночни затајувања, премиерот Христијан Мицкоски не сакаше да открие детали дали ќе бидат опфатени поранешни функционери, но најави дека ќе биде „епски голема со епски голем криминал“.

-Ова е една во низата кои што ќе следат во периодот кој што следи во септември, октомври итн, рече кратко премиерот пред средбата со Македонско-Германското стопанско здружение.

Во рамките на предистражната постапка која ја води Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поради основи на сомневање за даночно затајување и даночна измама, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост за едно лице – одземање на патна исправа и обврска да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен орган.

Судот го прифати предлогот и ги определи предложените мерки. Други три лица кои беа задржани дадоа исказ пред јавен обвинител, по што се пуштени.

Дејствијата, вклучително и извршените претреси, се преземаат во предистражна постапка.

Предистрагата продолжува. Станува збор за сомненија за финансиски криминал и се вршат опсежни проверки со цел испитување на сите околности.

Акција беше спроведена на повеќе од десетина локации на територија на земјава. Се постапуваше координирано со Обвинителството за гонење на организиран криминал по наредба на судија на претходна постапка, како и заедно со останати државни институции, како УЈП, Министерство за финансии и Царинската управа.

Слични содржини