Актуелно
Почетна / Магазин / Наука и технологии / Microsoft пушта две нови Xbox конзоли во 2020 година?

Microsoft пушта две нови Xbox конзоли во 2020 година?

Во јуни, Microsoft го објави нивниот проект Scarlett – следната генерација на Xbox, за која компанијата рече дека „ќе ја подигне летвата за моќност, брзина и продуктивност на конзолите“. Она што тие не го спомнаа е дека тие, исто така, работат на поевтина, без диск верзија на Scarlett, со кодно име Lockhart. Информациите доаѓаат од четири лица, информирани за плановите на компанијата.

Двете конзоли од следната генерација се наследниците на Xbox One S и Xbox One X. Lockhart ќе дебитира без диск, слично како изданието Xbox One All-Digital. Се шпекулира дека компанијата ќе заштеди пари од правење хардвер за конзолата, така што оваа варијација ќе биде помалку моќна од нивниот главен проект Scarlett, со кодно име Anaconda.

Токму Anaconda ќе биде вистинскиот скок на следната генерација во гејмингот, а се вели дека Microsoft планира оваа конзола да има повеќе од 10 терафлопа во својата графичка моќ. Плановите на Lockhart може да се променат, но во моментот се очекува да дебитира со околу 4 терафлопи. Стандардите што се очекува да ги исполни Microsoft се 4K резолуција и 60 фрејма во секунда за Scarlett и резолуција од 1440p и 60 фрејма во секунда за Lockhart.

Тимот Xbox официјално не објавил ништо од ова.

„Ние не коментираме гласини или шпекулации“, рече нивниот портпарол.
Најинтересно и можеби најважното прашање е она што сè уште нема конечен одговор: Колку ќе чинат овие конзоли?

loading...