Microsoft започна со освежување на иконите во Windows 10

од Vladimir Zorba

Microsoft започна со голем и долгогодишен проект во кој сака да направи редизајн на иконите на сите свои производи. Почетокот беше со иконите на пакетот Office, а сега компанијата полека преминува кон надоградба на иконите во Windows 10. Нови икони најпрво ќе добијат вградени апликации како Alarms & Clock, Calculator, Mail и Calendar во новата Release Preview верзија на Windows 10 од програмата Windows Insider (Fast ring).

Процесот ќе продолжи во текот на следните месеци, затоа не очекувајте иконите на вашиот компјутер да бидат заменети ненадејно. Во принцип, дизајнерите на Microsoft велат дека сакаат да ги заменат рамните и безбојни тековни икони со оние кои се слични со новиот бренд на Windows и доволно различни, за да можат полесно да го пронајдете она што го барате.

Промената е дефинитивно долгоочекуваната бидејќи Microsoft не се занимава со ажурирање на иконите во Windows 10 од објавувањето во 2015 година, а исто така има икони во платформата од неговите претходни изданија.

Слични содржини