Миг-29 се урна во Бугарија, прекината воена вежба

од Stefanija Kuzmanovska

Борбен авион на бугарското воено воздухопловство се урна за време на тактичка вежба со борбено стрелање „Шабла 21“, во која учествуваат и припадници на воздухопловството на Република Србија.

Авионот паднал во Црното Море, а операцијата за пребарување и спасување на пилотот е во тек. Истрагата ќе ја преземе военото обвинителство, пренесуваат бугарските медиуми.

Ловецот МиГ-29 изгубил радио контакт и исчезнал од радарот за време на вежба над Црното Море во близина на градот Шабла, соопшти бугарското Министерство за одбрана.

Вежбата се планира да трае 10 дена.

Слични содржини