Мигранти јуришаат кон Европа: Тргна бранот бегалци кон Грција и Бугарија (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Откако високо турско официјално лице рече дека Турција нема да ги запира мигрантите да одат накај Европа, група бегалци денес масовно тргнаа кон границите на Бугарија и Грција. Бугарите и Грците најавија засилени контроли на границите за да го запрат нивното доаѓање.

Светските медиуми веќе забележаа групи кои се движат кон овие граници а кои никој не ги контролира. Грците најавија дека никој нема да влезе во земјата затоа што се нелегални мигранти. Инаку во Турција се наоѓаат околу 3,7 милиони сириски бегалци а најновата одлука стигна откако вчера во напад на сириските сили загинаа 33 турски војници.

Според договорот од 2016 година Европската унија обезбеди милијарди евра помош во Анкара да прифати да го запре приливот на мигранти во Европа.

 

Слични содржини