Мигрантите не се закана за ширење на коронавирусот, тврди хрватски научник

од Vladimir Zorba

Факт е дека во случајот на првиот човек заразен со новиот коронавирус кој дошол во Хрватска од Италија сè било направено како што треба и дека ситуацијата засега е под контрола, но многу луѓе секој ден ја преминуваат границата со Италија – предупредува хрватскиот научник и претприемач, молекуларен биологот проф. др. Гордан Лауч, редовен професор на Катедрата за биохемија и молекуларна биологија на Фармацевтско-биохемискиот факултет на Универзитетот во Загреб и основач на компанијата Genos, цитиран од Вечерњи.

Генерално е против каква било панична реакција, како што е затворање на границата, бидејќи сè уште не е вирус кој е многу опасен.

– Тоа е вирус кој носи малку поголема смртност од грип, но сè уште не е вирус што треба да го запре секојдневниот живот. Гледаме што се случи во Кина, таму 11 милиони луѓе се во карантин веќе еден месец! Такво нешто е можно само во Кина. Веројатно дека новиот коронавирус COVID-19 ќе се повлече со топлото време, но не верувам дека бројот на случаи во Кина опаѓа, затоа што толку многу се заразени надвор од Вухан и не сум сигурен дека сите тие се изолирани и дека нема луѓе кои дури и не знаат дека се заразени. Исто така, има многу луѓе кои се настинати, со грип, а немаат коронавирус, односно тешко е да се направи разлика. Не сум оптимист дека овој вирус туку така сопрел. Сепак, Кинезите секако научија многу за новиот коронавирус досега, иако ова е тешко да се процени, како заради јазичната бариера, така и поради нивната затвореност, вели проф. Лауч.

Вирусите постојано се менуваат, па може ли овој да стане посмртоносен? Прашањето е, на пример, даливо Иран се појавила нова верзија на овој коронавирус?

– Сè уште мора да бидеме внимателни. Јасно е дека ниту една институција, ниту една влада не може да прифати дека процент од населението умира заради нов коронавирус. Ова е причината зошто владите треба да дејствуваат како што прават, и каде треба да престанат овие мерки е многу тешко да се утврди. Што се однесува до мигрантите, не гледам директна врска помеѓу нив и можното ширење на новиот коронавирус. Тие пристигнуваат во мали групи и контактираат со релативно мал број на луѓе, така што вирусот тешко може да се шири како кога некој поминува цел аеродром, се качува во авион, зарази половина патници и оди на другиот крај на светот. Не мислам дека мигрантите се проблем заради вирусот, колку заради евентуално насилство и нареди – заклучува проф. Лауч.

Слични содржини