Мигрантите во Магдебург: Расистичкото однесување се засилува!

од Aneta Risteska
25 прегледи

Мигрантите кои се населиле во германскиот град Магдебург велат дека доживеале нагло зголемување на расизмот и антиимигрантското однесување од локалното население по терористичкиот напад минатата година, кога осомничениот саудиски лекар влета со автомобил на божиќен пазар преполн со купувачи, убивајќи пет жени и 9-годишно момче и рани 200 луѓе, објави денеска АП.

„Омраза отсекогаш постоела, луѓето едноставно не се осмелиле да го кажат тоа толку јасно порано“, рече новоизбраната претседателка на Советодавниот совет за интеграција и миграција во Магдебург, Кетеван Асатијани-Херман, којa дошлa во Магдебург во 2011 од Грузија.

Полицијата понекогаш цели или претресува жртви пред сторителот, рече таа, додека мигрантите исто така се загрижени дека пријавувањето напад може негативно да влијае на нивниот статус на престој.

Магдебург се наоѓа во поранешниот комунистички исток на Германија, област каде што екстремно десничарската и антиимигрантска партија Алтернатива за Германија (AfD) ја има својата најсилна поддршка.

Исходот од изборите и потенцијалното зголемување на влијанието на АфД може да имаат големо влијание врз политиката и секојдневниот живот во Магдебург, рече Асатијани-Херман.

Само еден ден по терористичкиот напад во Магдебург на 20 декември, во градот имаше големи десничарски демонстрации, а оттогаш значително се зголемија вербалните и физичките напади врз луѓето од мигрантско потекло, соопшти Германско-сириското културно здружение во Магдебург.

„Заедницата на мигрантите и советодавните центри известуваат дека нападите се зголемени за повеќе од 70 отсто овде во градот“, рече Саед Саид, кој дошол во Германија од Сирија пред седум години и е член на здружението.

„Расизмот веќе постои овде и насекаде. Но, тој енормно се зголеми по нападот“, рече Саид, пренесе Танјуг.

Слични содржини