Михаилоски: СДСМ ги слуша потребите и барањата на младите од Тетово

од Nikola Popovski

СДСМ ги слуша потребите и барањата на младите од Тетово. Преку одговорни политики, ја намалуваме стапката на младинската невработеност и ги унапредуваме условите за живот и работа на младите, за да останат дома, во своите родни места. Така е и овде во Тетово, со поддршка на централната власт овде се реализирани важни проекти за младите, изјави Марко Михаилоски, претседател на СДММ.

Тој потенцира дека кандидатите за советници на советничката листа на СДСМ и коалицијата се подготвени да работат одговорно и посветено за своите сограѓани особено за младите.

-Поддршка на иницијативата за парк во Тетово, нов спортски центар, се само дел од проектите за кои ќе се залагаат нашите советници во идниот состав на Советот. Со СДСМ Тетово ќе се развива како модерна, европска општина. Затоа, ги повикувам сите млади на 20 август да излезат масовно и да дадат поддршка на советничката листа на СДСМ и коалицијата.

Да гласаме за број 1 и европско Тетово, нагласи претседателот на младината на СДСМ од Тетово.

Слични содржини