Михајловиќ ја напушти Болоња и ќе биде во изолација во Рим

од Aleksandar Petrovski

Српскиот фудбалски тренер Синиша Михајловиќ, кој се опоравува од леукемија, ја напушти Болоња и во следните неколку дена ќе биде во изолација во Рим, јавуваат италијанските медиуми.

Михајловиќ реши да го преземе овој чекор затоа што главниот град има помали епидемиски размери отколку во северна Италија.

Олимпискиот комитет и италијанската влада ги прекинаа сите спортски натпревари до 3 април, од ризик за ширење на коронавирус.

Болоња и другите италијански клубови се очекува да го прекинат тренингот во наредните седум дена, сите во насока на намалување на ширењето на епидемијата на коронавирус.

Слични содржини