Мијалков ќе лежи 3 години во затворот во Струга

од Vladimir Zorba

Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на „тајната полиција“, ја променил адресата на живеење во Охрид.

Тој неодамна призна вина за случајот „Империја“ и треба да одлежи три години во затвор. Тоа значи дека тој казната би ја издржувал во затворот во Струга.

„По добиеното известување од МВР на ден 19.07.2022 година, предметот со комплет списите на истиот ќе биде одстапен на надлежност на Основен суд Охрид, како месно надлежен суд за постапување по конкретниот предмет“, соопштиле од Кривичниот суд за Канал 5 тв.

Судот во Охрид потоа ќе треба да му издаде упатен акт на Мијалков за затворот во Струга.

Слични содржини