Мијалков: Немам рецепт за милионите

од Берта Китинска

Екс- шефот на УБК Сашо Мијалков излезе од изолација и утрово дојде на судењето за случајот „Плацови на Водно“.

Пред да влезе во судницата Мијалков беше прашан од новинарите:

“Кој е рецептот за милионите?”, a тој одговри кратко одговри:“Немам таков рецепт”.

Во случајот познат како „Плацеви на Водно“, покрај Мијалков обвинет е и екс-премиерот Никола Груевски и Новачевски, бизнисменот Јордан Камчев и неговата мајка Ратка Камчева.

Во периодот од 2006 до 2012 година Груевски, како претседател на политичка партија, дел од паричните средства кои во овој период ги примил лично или преку општинските комитети на партијата како донации за финансирање на политичката партија, не ги прикажал како примени донации во финансиските квартални извештаи на партијата и од нив за себе присвоил пари во износ најмалку од 1.300.360 евра.

Оваа истрага неодамна се прошири, се вршеа претреси во зграда на Бихаќка, а потоа беше соопштено дека се откриени два нови стана и уште еден плац од 3 000 квадратни метри на Водно, кои се сметаат за сопственост на Груевски. Тој имот е замрзнат.

Слични содржини