Мијалков по излегувањето од „Шутка“: Не бегам бе, зошто да бегам

од Nikola Popovski

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, го напуштил истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари, кратко после 19 часот, откако Апелација денеска му го укина притворот, кој пред една недела му беше одреден за случајот „Плацови на Водно“.

Мијалков кратко изјавил „не бегам бе, зошто да бегам“, на прашање на новинарите, пред да влезе во автомобилот, со кој си заминал.

Автомобилот на Мијалков, заедно со неговото обезбедување, биле паркирани пред главниот влез на затворот.

Како гаранција дека нема да бега Мијалков на државата ѝ понуди имот во вредност до 11 милиони евра.

Мијалков се наоѓаше во притвор од 26 февруари годинава односно од изрекувањето на пресудата за „Таргет-Тврдина“ каде неправисолно е осуден на 12 години затвор.

Слични содржини