Мијалков пренесен во „Систина“

од Nikola Popovski

Ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, од ќелијата во затворот во „Шутка“ е пренесен во клиниката „Систина“, објави „А1он“.  Тој се жалел на проблеми со очите и црвенило, па адвокатите барале да му бидат направени испитувања на очниот оддел во приватната клиника.

Минатата недела од притвор во Шутка на Клиниката за кардиологија беше пренесен и бизнисменот Орце Камчев кој се жалел на гушење и болки во градите. Тој беше задржан таму неколку дена, а по испитувањата беше вратен во притвор во Шутка.

Ексдиректорот Мијалков беше спроведен во затворот во Шуто Оризари на крајот на февруари откако му беше изречена казна затвор од 12 години за масовното прислушување, односно судскиот процес „Таргет – Тврдина“. Притворот му беше продолжен сè до пресудата за судскиот процес „Трезор“ за набавката на опремата за нелегално прислушување каде што обвинителите одново побараа притвор за Мијалков сè до правосилност на пресудата. За случајот „Трезор“ Мијалков доби казна затвор од 8 години, која сè уште не е правосилна.

Слични содржини