Мијалков за објавените разговори: Не сум се договарал со Заев, не знам ниту за кој Сашо се мисли

од Nikola Popovski

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков се огласи по повод новите објавени разговори кои беа објавени денеска на Јутјуб со наслов „Зоран Заев се договорал со Сашо Мијалков“.

Тој во изјава за порталот „Плусинфо“, вели дека со Зоран Заев ниту се договарал, ниту имал договор.

„Првпат слушнав за такво нешто од разговорот кој го објавија некои портали, каде што се споменува моето име. Во објавениот разговор не знам ниту за кој Сашо се мисли, но порталот Инфомакс, кој прв го објави разговорот преземен од останатите, извлекува некаков заклучок и ме инволвира мене без воопшто да се обидат да ги проверат информациите“, изјавил Мијалков.

Тој наведува дека порталот Инфомакс подолг период  се обидува да го дискредитира со невистини и лажни вести.

Слични содржини