Состојбата со мигрантите на грчките острови е експлозивна и на раб на катастрофа, изјави комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ.
– Состојбата на мигрантите, вклучително и барателите на азил, на грчките острови во Егејско море е драматично влошена во последните 12 месеци, рече Мијатовиќ.
Според неа, мигрантите живеат во неподносливи, ужасни хигиенски услови. Таа повика на итни мерки за подобрување на нивната состојба.
– Сликата е шокантна за Европа во 21.век. Грчките власти мора итно да реагираат, вели Мијатовиќ.

Таа информира дека мигрантите со часови чекаат за храна и за користење на тоалетите.

– Потребни се итни мерки за да се решат очајните услови во кои живеат илјадници луѓе, истакна Мијатовиќ откако ги посети локациите каде се обработуваат барањата за азил на Лезбос, Самос и Коринт.

Повеќе од 34.000 мигранти живеат на пет грчки острови, додека капацитетот на бегалските кампови е за 6.300 луѓе.

Слични содржини