Мијатовиќ: Цел Балкан ќе навива за Македонија

од Nikola Popovski

Предраг Мијатовиќ, легендата на југословенскиот и европскиот фудбал, за српски „Спутник“ изјавил дека на претстојното европското првенство ќе навива за нашата репрезентација.

„Ќе навивам за С. Македонија, предводена од мојот пријател Игор Ангеловски. Неверојатен успех, сите ние Балканците ќе ја поддржиме нивната репрезентација“, истакнал Мијатовиќ, додавајќи дека Македонија има шанси за пласман во втор круг.

„Можат, зошто да не? Тие немаат што да загубат, одлично за нив е што се присутни таму и тоа ќе им дојде како еден вид бонус. Имаат три натпревари во групата и сигурно нема да им недостасува мотивација. А што се однесува до Пандев, тој има многу во главата и им пркоси на годините најдобро што може. Неговото искуство и лидерство на теренот се од големо значење за тимот“, вели поранешниот напаѓач на Реал Мадрид.

Македонската репрезентација во недела на 13-ти јуни го игра првиот натпревар на ЕП, против Австрија во Букурешт.

Слични содржини