Милан добро се грижи за својот ас: Посебен простор за тренинг за Ибрахимовиќ

од Stefanija Kuzmanovska

Фудбалерите на Милан засега одлично „туркаат“ низ оваа сезона, тие се први во Серија А, а во 1/16 финалето од Лигата на Европа ќе се соочат со Звезда, и сето тоа најмногу благодарение на неверојатниот 39-годишен Златан Ибрахимовиќ. Неговиот авторитативен изглед во соблекувалната, на теренот, а потоа и неговите игри, го прават овој тим на „росонерите“ барем за 20 проценти подобар отколку што е, а како најголема sвезда, Швеѓанецот ги ужива сите привилегии со ваквиот статус.

Ибрахимовиќ е толку важен за Милан, што дури му е дозволено да биде специјален гостин на славниот фестивал во Санремо во средината на сезоната, од 2 до 6 март.

Како што се приближува фестивалот, така и во кампот на лидерите во Серија А, сфаќаат дека Ибрахимовиќ тој ден ќе биде отсутен од тренинг, па тие се ангажирале да му направат посебен простор за тренирање, кој ќе може да го искористи за да остане во форма, пишуваат Италијанците.

Тој ќе биде придружуван од фитнес тренер со кој ќе работи секој ден.

Единствениот ден за време на фестивалот кога Швеѓанецот ќе се врати во Милано е 3 март, кога тимот игра против Удинезе. Истата вечер, тој ќе се врати во Санремо, каде ќе биде до самиот крај на познатиот фестивал на италијански песни.

Ибрахимовиќ, до мечот со Верона кој е на програмата вечерта по затворањето на фестивалот, ќе тренира индивидуално.

Слични содржини