Милан најде решение за Ибрахимовиќ, ќе патува со хеликоптер на тренинзите

од Stefanija Kuzmanovska

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ е „жешка тема“ на италијанските медиуми последните неколку дена! Не затоа што го доби златниот тапир по поразот од Интер на дербито, туку најмногу поради неговото учеството на Сан Ремо!

Ибрахимовиќ уште пред да го потпише договорот со Милан имаше друга обврска бидејќи вети дека ќе биде специјален гостин на споменатиот фестивал, но проблемот е во тоа што тој сега се паѓа во незгодно време за „Росонерите“. Во време кога „возот со титула“ може да им избега.

А како едно од решенијата што му се нудат на Ибрахимовиќ, тврди „Кориере дела Сера“, е изнајмување хеликоптер кој би го префрлил Златан до Сан Ремо и со тоа би било многу полесно да се избегне премин од 350 километри, кои, во тој случај, треба да бидат поминати со автомобил.

Ибрахимовиќ наводно дури рекол дека, доколку е потребно, ќе тренира секој ден со тимот за да биде подготвен за големите предизвици што ги очекуваат „Росонерите“. Особено што Марио Манџукиќ има проблеми со повреда и нема да игра ниту против Црвена Звезда.

Слични содржини