Милан отвори со победа, Ибра двоен стрелец

од Vladimir Zorba

Фудбалерите на Милан ја совладаа Болоња со 2:0 на почетокот на сезоната во Серија „А“, а двоен стрелец беше Златан Ибрахимовиќ.

Тој го постигна првиот гол сезонава во 35-тата минута со глава во свој стил по центаршут на Тео Хернандез.

Точка на дуелот стави на почетокот на второто полувреме, откако беше прецизен од белата точка, испраќајќи ја топката под гредата за конечни 2:0.

Болоња до крајот успеа да остане само со десет играчи, откако Дијкс доби втор жолт картон во 88-та минута.

Слични содржини