Милан за прв пат во својата историја со спонзор на задниот дел од дресовите

од Vladimir Zorba

Предводникот на Серија „А“ Милан објави спонзорски договор, кој никогаш го немал во својата историја.

Италијанскиот клуб потпиша договор со германската осигурителна компанија wefox, а логото на компанијата ќе стои на задниот дел од дресовите на играчите, за натпреварите од првенството и Купот на Италија.

Никогаш порано во својата историја Милан немал спонзор на задниот дел од дресовите.

Со новиот изглед, „росонерите“ ќе бидат од следниот меч – против Удинезе во петок.

Не се знае колку е долг договорот, но според Calcio & Finanza, Милан од него ќе добива меѓу 6 и 8 милиони евра годишно.

Слични содржини