Милановиќ: Косово е одземено од Србија

од Nikola Popovski

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска одржал прес-конференција во Петриње, на која се осврнал на војната во Украина, но и за односите на Хрватска со Србија.

– Украинците патолошки ги мразат Русите, тоа е факт. Хрватите не ги мразеа Србите колку што овие таму ги мразат Русите, рекол на почетокот Милановиќ.

Запрашан за најавени тенкови од Западот кои наскоро ќе пристигнат во Украина, Милановиќ вели дека таквите потези само ја продолжуваат војната.

– Јас сум против испраќање на какви било смртоносни средства. Ја продолжува војната. Која е целта? Распад на Русија, промена на власта? Се зборува и за распарчување на Русија. Ова е манично. Ние и Србите помалку се мразевме. Овде имаше многу пострашна војна отколку во Украина. Јас сум против испраќање смртоносни средства – изјавил Милановиќ.

Тој нагласил дека сите мора да разберат дека Србија и Русија не се исто.

– Кога ќе разберете дека Србија и Русија не се исто? Дека тоа за жал е болен факт и опасност. Го анектиравме Косово. Ние и меѓународната заедница. Косово е одземено од Србија. Кој го направи тоа освен ние? Дали го признавме Косово? Тоа не е анексија, тоа е одземање. Како се вика? Екстракција. Не по врат, туку по шија. Ова не е доведување на Косово во прашање, туку целиот концепт – заклучил Милановиќ.

Слични содржини