Милановиќ: Ако Америка и Русија не се договорат, следи Трета светска војна

од Vladimir Zorba

Хрватскиот претседател, Зоран Милановиќ денеска изјави дека Хрватска не е во војна со Русија, туку дека Русија и Америка се во војна и посочи дека без нивен договор, кој не е на повидок, војната нема да престане.

„Некако се надевам дека се водат некакви разговори меѓу нив или полека ќе се придвижиме кон трета светска војна за која некои мислат дека е веќе започната, но јас сум малку резервиран, а што се однесува до тенковите, и руските и американските горат исто, рече Милановиќ.

Милановиќ повтори дека го цитирал украинскиот министер кој рекол дека во Украина се води прокси војна, додавајќи дека тогаш шефот на германската дипломатија рекол дека мора да бидеме обединети, бидејќи сме во војна со Русија.

„Не го знаев тоа. Можеби Германија повторно е во војна со Русија, но нека им е со среќа. Можеби сега ќе се снајдат подобро отколку пред седумдесет години“, рече Милановиќ.

„Сега слушнавме и од Зелените, кои беа пацифистичка и антиамериканска и антируска партија, дека и ние сме во војна. Ние не војуваме, Русија и Америка се во војна, а Германија не е и ништо нма да се прашува, што можеби е и подобро, бидејќи видовме што направија со резолуцијата за Босна и Херцеговина“, рече Милановиќ.

Слични содржини