Милановиќ: Како е можно летало да помине повеќе од еден час над членка на НАТО, а никој да не забележи (ВИДЕО)

од Milan1

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ одржа прес-конференција за леталото што синоќа се урна во Загреб.

„Сметам дека ми е должност да и се обратам на јавноста. Знаеме каков е објектот и од каде полетал. Не добивме никакви информации за претпазливост. Леташе над Унгарија 40 минути, помина 7 минути над хрватска територија. Ова е сериозен инцидент и така се однесуваме“, изјави Милановиќ.

„Ги повикувам граѓаните да останат смирени. Проценуваме дека ова не е насочено против Хрватска. Ова е инцидент и треба да видиме некои процедурални прашања. Ова летало е со големина на авион и очигледно долетал од Украина до Загреб“, кажа Милановиќ и додаде дека радарите го откриле леталото, но дека ништо не можело да се направи за кратко време.

„Разговарав со премиерот утрово. Во тек се истраги, вклучени се воени служби, како што засега стојат работите, авионот долетал од Украина, паднал над Загреб кога останал без гориво“, рече тој.

„Леталото изгубило контрола и не е од регионот. Како е можно несофистицирано летало да помине повеќе од еден час над членка на НАТО, а никој да не забележи“, рече тој.

„Настанот е сериозен, а седницата на Советот за национална безбедност ќе биде кога ќе се договориме јас и премиерот“, рече тој.

„Во оваа земја нашата противвоздушна одбрана е онолку колку што се инвестира. Во таа смисла, зависиме од западните сојузници додека не добиеме 12 авиони, кои исто така ќе бидат бескорисни додека не се инвестираат некои средства во нив“, рече тој.

Милановиќ рече дека нема потреба да се покани на разговор украинскиот амбасадор.

Непознат авион синоќа се урна во близина на домот Стјепан Радиќ во Загреб, а полицијата соопшти дека пронашла кратер и два падобрани. Во несреќата за среќа нема повредени.

Градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ изјави дека ова е настан без преседан и дека фрагментите од леталото се наоѓаат на неколку локации.

Слични содржини